866
Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски вели дека за децата Омикронот претставува обична вироза, какви што имало секоја зима. Ова го истакна во статус на социјалната мрежа Фејсбук.
-Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9000 нови случаи секој ден, денеска започна настава со физичко присуство, нема ниту една причина некое си „ самопрогласено здружение” да бара онлајн настава во Македонија. За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима !!!
Местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието.
Единствено може почетокот да се одложи до понеделник 24 јануари, вели тој во неговиот пост на Фејзбук.