Доктор Андреја Арсовски ја напушти Ремедика и почна со работа во Систина

by Fokus

Торакалниот хирург Андреја Арсовски, кој години наназад беше медицински директор на приватната болница „Ремедика“ го напушта кормилото и својата лекарска кариера понатаму ја продолжува во прватната „Аибадем Систина“, која е под раководната капа на Орце Камчев, иако тој официјално не фигурира на документ.

Уште пред одреден период беше најавено неговото заминување, а „Фокус“ пред неколку месеци ги објави имињата на бројните лекари од разни специјалности, кои си заминаа од „Ремедика“, со која во моментот управува сопругата на Минчо Јорданов, Елица како генерална директорка.

Своето официјално заминување од болницата го најави и самиот доктор Арсовски на својот фејсбук профил.

„Драги и почитувани пријатели. Од денеска имам ново работно место, преминав во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ За се што можам да ви помогнам барајте во во кол центарот на болницата. Продолжувам да се грижам за здравјето на моите пациенти.

 

Оваа прилика ја користам да се заблагодарам на целиот тим на Ремедика за долгогодишната прекрасна соработка и одличната работа, која ја направивме изминатите години. Ви посакувам се најдобро во животот и работата“, пишува торакалниот хирург Арсовски.

Доктор Арсовски беше последниот директор на скопскиот Клинички центар, пред во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ да го подели на 32 скопски клиники.

Во последниот период имаше доста шпекулации во јавноста околу тоа дека поранешниот премиер Зоран Заев и екс министерот за здравство Венко Филипче ќе ја купуваат “Ремедика” но досега тоа не се случи

Ирена Мулачка

 

 

Поврзани новости