Џафери: Ако ВМРО сака 6 месеци да работиме само на Законот за јазиците, јас не бегам никаде

by Fokus

Доколку ВМРО-ДПМНЕ смета дека Собранието треба шест месеци да работи само на точката за законот за јазици, тогаш јас не бегам од обврската да седам и да работам толкав период, рече спикерот Талат на средба со новинарите.

– Ако имаат чувство за државата и процесите, ќе се предомислат, особено по пораките што ги испратија до јавноста дека во минатото грешеле во односот кон Албанците – рече Џафери.

Според него, Собранието нема надлежност да одлучува за веќе донесениот закон за јазици вратен од претседателот Ѓорѓе Иванов, туку тоа го има Уставниот суд.

Поврзани новости