314
Доколку ВМРО-ДПМНЕ смета дека Собранието треба шест месеци да работи само на точката за законот за јазици, тогаш јас не бегам од обврската да седам и да работам толкав период, рече спикерот Талат на средба со новинарите.
– Ако имаат чувство за државата и процесите, ќе се предомислат, особено по пораките што ги испратија до јавноста дека во минатото грешеле во односот кон Албанците – рече Џафери.
Според него, Собранието нема надлежност да одлучува за веќе донесениот закон за јазици вратен од претседателот Ѓорѓе Иванов, туку тоа го има Уставниот суд.