583
Пациентите заразени со корона вирусот се сместуваат на Клиниката за инфективни болести и досега се исполнети 25 отсто од капацитетите. Доколку капацитетот се исполни целосно, тогаш заразените ќе се сместуваат во болницата 8 Септември, рече министерот Венко Филипче на попладневната прес конференција.
-Имаме план како би се пренаменувале клиниките за борба со корона вирусот. Ова сега е благ почеток, иако бројот на заразени е во пораст. Но, се надеваме дека растот нема нагло да се зголемува, пред се поради мерките кои ги преземавме. Се надеваме дека до тоа нема да дојде. Капацитетот на Инфективна е 25 отсто исполнет. Доколку би се исполнил целосно, тогаш ќе се премине на сместување на заразени во болницата 8 Септември, рече Филипче.