669
Пулмологот Дејан Докиќ во денешното интервју на телевизија Канал 5 рече дека корона вирусот уште долго време ќе биде присутен и ќе мораме да се приспособиме на тоа.
-Уште долго време вирусот ќе биде присутен. И мораме да бидеме свесни дека треба да го забавиме природниот тек на ширењето. Бидејќи кога тогаш мораме да ги отвориме школите, да се вратиме на работа и мерките да се релаксираат. Затоа, мораме да сфатиме дека маската ќе ни стане дел од секојдневието, рече Докиќ.