Докази за Чавков на рочиштето за 27 април: Се презентираат наслови на службени документи од МВР

by fokus

Со изведување дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетиот Митко Чавков почна денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Се презентираат наслови на службени документи од Министерството за внатрешни работи, како и информацијата за извршени активности на полицијата за планот Платформа.

Покрај тоа, се читаат и наслови на записници за одржани средби на директорот на БЈБ со подредените.

Записници за активности на Оперативниот штаб за повеќе денови од март и април 2017 година, како и записник од колегиумот на министер за внатрешни работи за оперативната акција „Платформа“.

Денеска треба да бидат изнесени и дополнителните докази на обвинетите Душко Лазаров и Крсто Мукоски.

Поврзани новости