406
Дојранчани утре ќе се изјаснуваат дали се за или против рудници во нивната општина, оти се плашат дека Казандол но и потенцијалниот Башибоз на Беласица се закана за екоземјоделството, туризмот но и за Езерото кое веќе преживеа една еколошка катастрофа.
Референдумот е по барање на граѓаните, откако дознаа дека можни се последици од функционирањето на комплексот Казандол кај Валандово, но и дека е доделена концесија за детални геолошки истражувања на локацијата Башибоз-Бајрамос над селото Николиќ, десетина километри од езерото.