Дојдов да го пронајдам своето дете, имам надеж, вели мајката на исчезнатиот Мартин

by fokus

Четврти ден продолжува потрагата на морското подрачје на Халкидики за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој се води како исчезнат од саботата попладне , од моментот кога нурнал со своите пријатели на познатата плажа „Мити“ во Посеиди и биле понесени од морските струи.

Грчките медиуми пишуваат дека мајката на МАртин утрово околу 9 часот, заедно со роднините, пристигнала во базата на волонтерскиот тим за пребарување и спасување ОФКАТ во Переа, Солун, со цел да се подготват и заедно да заминат за Халкидики.

-Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете . Имам голема вознемиреност и исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и Им благодарам за тоа што го прават. Имаме вера, изјави мајката на младиот човек за protothema.gr.

Претседателот на организацијата Христос Рамос вели дека денеска им помага и времето, а повторно ќе се користи подводен дрон.

-Почнуваме денес од штабот за да ја зајакнеме базата за подготвеност на Касандра. Денеска ни помага времето. Ќе го користиме подводниот Дрон. Денеска ќе се потрудиме затоа што утре повторно е лошо, ќе биде лошо. Со нас го имаме семејството и конзулот на Скопје и се надеваме на најдобро. Неговата мајка дојде од Америка со други роднини, од вчера е со нас, вчера отидовме и се видовме со Иван, тој е во добра здравствена состојба и ќе излезе денес. Нашите напори сега се на Мартин. Иван ни даде многу информации, ни ја даде точно ознаката, па ќе одиме конкретно на едно парче. Ако Бог сака да помогне, се ќе биде добро. Мора да завршиме денес, изјавил тој.

Поврзани новости