123
По повеќе од 15 часа дојде струја во населбите Аеродром и Ново Лисиче.
Цела ноќ екипи на ЕВН Македонија го санираа дефектот кој што настана по вчерашното краткотрајно невреме. Како што соопштија од компанијата, станува збор за комплициран дефект кој бара повеќе работа.
Причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.