Дојче Веле: Крпач го следеле откако почнал соработката со СЈО

by Фокус

Коста Крпач, кој завчера беше пронајден мртов во својот стан, бил следен откако започнал соработка со Специјалното јавно обвинителство, објави Дојче веле.

Во почетокот на април, судија на претходна постапка одобрил наредба за претрес во домот на Крпач, како и за одземање на документи од Централниот регистар, меѓу кои и за една фирма во која тој во одреден период се јавувал како сопственик. Откако завршила таа постапка, во која тој немал статус на осомничено лице, а била насочена кон истражување активности на други физички и правни лица со кои во еден период Крпач имал деловна комуникација, веднаш се вклучил алармот кај многумина засегнати од истрагата на СЈО, објавува Дојче Веле.

„Од тој момент започнале најтешките денови во животот на Коста Крпач. Ситуацијата кулминирала откако бил виден како влегува во зградата во која е привремено сместено СЈО. Евиденцијата на сите што влегуваат во таа зграда ја вршеле лица од доверба на еден претходно осомничен, а сега аболиран началник во МВР. Следењето траело 24/7, по распоред, шема и пунктови. Сите лица што биле снимени дека влегуваат во СЈО, а кои можеле со свое сведочење да станат потенцијална опасност за засегнатите од постапките на обвинителството, потоа биле изложувани на постојано испрашување, „советување“, широкогради ветувања, а ако тоа не давало резултат, следувале енормни притисоци и закани од засегнатите центри на моќ.

Инаку, како што објави НОВА, Крпач доброволно се пријавил да сведочи за случајот „Тврдина”, односно за незаконското уништување на два система за прислушување.

Вчера и од СЈО соопштија дека Од СЈО посочија дека поседуваат докази дека кон него бил вршин притисок од други страни.

Инаку, Основното јавно обвинителство и покрај завршената обдукција на Коста Крпач, доцна синоќа издало наредба за нови дополнителни анализи, со што треба да се утврди дали се работи за убиство или самоубиство.

 

Поврзани новости