4
Дојава за бомби утрово во неколку скопски училишта, соопшти МВР.
Според информациите, најмалу шест училишта утрово се евакуирани поради анонимни дојави за бомби.
Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани, меѓу нив и ОУ Александар Трети Македонски. Евакуација имало и во училиште во населбата Железара, станува збор за училиштето Григор Прличев. Дојава за бомба имало и во Петар Здравковски Пенко во Бутел.
Дојава, имало и во средното училиште „Јосип Броз Тито“.
„Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи“ соопштија од МВР.