Дојави за бомби и во ГТЦ и неколку училишта

by fokus

Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава освен во Министерството за надворешни работи, и до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје.

Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

Освен анонимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

Поврзани новости