104
Катедралата Света Елизабета во словачкиот град Кошице денеска добила закана за бомба, поради што полицијата во моментов ја пребарува црквата.
Овојпат заканувачкиот мејл е испратен до Католичката црква, а неговата содржина е слична на содржината на мејловите што стигнаа до училиштата низ Словачка на почетокот на неделава, соопшти регионалната полиција, пренесува ТАСР.
„Ситуацијата ја имаме под контрола. Веднаш презедовме безбедносни мерки. Покрај полицијата на теренот има и куче кое е специјално обучено да бара експлозив. Во близок контакт сме со претставниците на црквата. Заедно со нив , полициските екипи најостро ги осудуваат ваквите закани за напади врз цркви“ – се наведува во соопштението.