437
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информираше дека пријавата за бомба во основното училиште во општина Петровец била вчера но директорката на училиштето вчера воопшто не ја видела електронската пошта и не пријавила, туку тоа го сторила денес.
-Бидејќи имаме повеќе училишта со името „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка, објасни денеска првиот полицаец во земјава.