635
Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници.
Освен дојава за бомба на аеродромот, дојави има и за ТЦ „Ист гејт“, ФФМ, хотелот „Александар Палас“ и СЦ „Борис Трајковски“. Најверојатно, ваква дојава примиле и во хотелот „Мериот“ на плоштадот „Македонија“.
Од МВР велат дека наскоро ќе излезат со информации по однос на пријавите.