Дојава за бомба кај ОУ „Братство – единство“ и околу гробиштата во Охрид

by Fokus

Дојави за поставени бомби кај основното училиште „Братство – единство“ во Охрид и на просторот околу градските гробишта, објави денеска порталот „Охрид1“.

Според информациите, евакуирани се учениците, а надлежните го пребаруваат теренот.

Патот е затворен за сообраќај поради безбедносни причини. Во моментов се прават солуции за пренасочување и непречено одвивање на сообраќајот, додека се пребарува теренот, информира медиумот.

Поврзани новости