398
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вторник на 8 октомври ќе патува за Будимпешта каде ќе биде потпишан договорот за кредит во висина од 500 милиони евра од унгарската експорт-импорт банка.
-На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, прво на девизната, а потоа ќе пренасочуваме дел на денарската сметка – рече таа во Штип.
Околу користењето на средствата од унгарскиот кредит, премиерот Христијан Мицкоски рече дека во втората половина на октомври или првата половина на ноември тие пари ќе бидат ставени во функција на македонската економија.