209
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека склучувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа е „поблиску од кога било досега“.
По денешната средба во рамки на новата рунда преговори во Доха, со учество на американски преговарачи, Бајден посочи дека договорот се уште не е склучен, но дека Израел и Хамас се поблиску до договор отколку пред почетокот на самитот во Доха пред три дена, пренесува Тајмс оф Израел.
-Не сакам да го расипам, но можеби имаме нешто – рече тој.