494
Договорот за добрососедтво што Македонија на први август ќе го потпише со Бугарија може да биде раскинат со едно известување. Една година по приемот на известувањето, Договорот ќе престане да важи.
„Секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.“, стои во Договорот.
Договорот може да биде изменет со писмена согласност меѓу Македонија и Бугарија, а измените се договараат по дипломатски пат.