Марјан Ѓорчев во емисијата 24 анализа рече дека е поборник на девизата дека не треба од грешките да се прават успеси. Штетноста на договорот од 1 август 2017 ќе остане како траен белег во македонко-бугарските односи.
– Ние со Бугарија имавме разбирање на премолчени вистини и тоа беа темели на кои не се разговара. Договорот со Бугарија ја отвори Пандорината кутија за теми за кои не може да се разговара. Не може да се разговара со теми кои задираат во основната содржинска димензија на државата, а тоа е македонството. Уставните измени не се проблем. Проблем е што после нив. Кога тие ќе се донесеа со национален концензус и да беше договорено нашиот контрапредлог на францускиот предлог да биде, уставните измени да се донесат на денот кога ќе пристапиме во ЕУ, тогаш тоа ќе беше најдобро решение. – вели Ѓорчев