Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски смета дека државата може да добие повеќе километри за истата договорена сума со изведувачот на коридор 8 и 10Д, „Бехтел и Енка“, наместо еднострано да го раскинува договорот кој на непочнат автопат не чини 240 милиони евра.
– Договорот е класифициран како државн тајна што според мене, мислам дека не е согласно закон затоа што во Македонија е многу јасно што може да се класифицира.
Претпоставувам била идеја на партнерот да се потпише класичен договор во кој не се изнесуваат детали на конкуренцијата, но сосема друго е да потпишете класифициран.
Јас се видов со претставници на конзорциумот, и на Бехтел и на Енка, реков дека треба да договорот да се декласифицира, но треба двете страни треба да дадат согласност и се надевам на тоа. Не е нешто што на јавноста не е познато, она што е побитно што Македонија може да добие од тој договор и мислам дека според рамката може да добиеме повеќе километри во рамки на истата финансиска сума што е договорена – рече Николовски.
Министерот смета дека е недомаќински дури и душмански Македонија еднострано да го раскине договорот и тоа да ги чини граѓаните пола милијарда евра.
– Претходната влада има исплатено 240 милиони евра за буквално ништо за работи кои не ги гледаме. Мислам дека нема да биде домаќински дури ќе биде и душмански сега јас да го прекинам договорот и да останамеме без средства. Изведувачот може да не тужи и да не даде на Арбитражата и да загубиме пола милијарда евра – истакна Николовски порачувајќи му на изведувачот да ги си реши проблемите со црпењето на суровини во прилепско за што има отпор од граѓаните, бидејќи министерството немало надлежност за тоа.
Орце Костов