По однос на актуелните информации за неисполнетите ветувања за трансформација во редовен работен однос на медицинските сестри, од ЗМСТАС – „ЗА НАС“ велат дека „договорите на дело за медицинските сестри, за кои подолго време во здравствените институциите беше ветувано дека ќе бидат трансформирани во редовен работен однос не се случија“.
Оттаму порачуваат дека „во меѓувреме еден дел добија продолжување на недостоинствените договори, додека пак на друг дел во текот на вчерашниот ден им беше соопштено повеќе да не доаѓаат на работа бидејќи не им се продолжени истите. По ова известување медицинските сестри биле повикани повторно да се вратат во институциите, поради неможноста за организирање на работата, со ветување дека недостоинствените договорите ќе им бидат продолжени“.
„Во ваков статус на договор на дело сестрите се анагжиран на три разни начини: преку агенции, преку проекти и преку интерни правилници на здравствените институции. По сите овие начини нам се уште не ни е познато по какви критериуми истите добиваат и различен финаниски надоместок. До нашата Унија пристигнаа поразителни информации дека конкретно, во Кичево, пет медицински сестри, веќе три месеци работат без продолжен договор и без финансиски надоместок. Посебно сакаме да нагласиме дека и покрај ваквиот хаос во здравствениот систем имаме институции кои отворено продолжуваат да бараат сестри за недостоинствениот договор на дело, меѓутоа повеќе нема заинтересираност“ велат од ЗМСТАС – „ЗА НАС“.
Апелираат „инвестицијата во сестринството да нема транзициони периоди и политики за доброто на пациентите, како стратегија за здрава нација“.