Членот на Претседателот на БиХ, Милорад Додик изјави дека се „подготвува негово апсење“ врз основа на законот за негирање на геноцидот кој неодамна го наметна поранешниот висок претставник на меѓународната заедница Валентин Инцко.
„Нормално, постојано се обидуваат. Јас не знам некој кој има повеќе кривични пријави во Сараево од мене, мислам дека ги имам преку сто“, кажа Додик.