Претседателот на СНСД и кандидат за претседател на Република Српска, Милорад Додик, протестите на опозициските партии на кои беше обвинет за изборни кражби на изборите во БиХ ги коментираше со зборовите „кој губи има право и да се лути“, пренесуваат босанските медиуми.
Според него иборите биле мирни и демократски, а коментирајќи ги протестите на опозицијата поради наводни кражби на изборите, рече дека е убеден оти тоа е создавање атмосфера која воопшто не постои.
На вчерашниот протест на опозицијата во Република Српска, лидерите на опозициските партии уште еднаш обвинија дека претседателските избори се украдени, додавајќи оти нема да дозволат тоа да помине.
Јелена Тривиќ, кандидатка на опозицијата за претседател на Република Српска вечерта на 2 октомври по изборите прогласи победа, но тоа истовремено го направи и лидерот на СНСД и кандидат на владејачката коалиција Милорад Додик.