Додик: Го охрабрив Путин да продолжи!

by Fokus

Разговорот со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, беше еден од најуспешните разговори што сме ги имале досега, напиша Милорад Додик, претседател на ентитетот на БиХ, Република Српска на мрежата Х, сумирајќи ги неговите посети на Русија и Белорусија.

„Бевме примени со многу почит и ни беше дадена можност да разговараме за ситуацијата во Српска и Босна и Херцеговина. Дојдов до заклучок дека Русија го брани Дејтонскиот договор од Америка. Продолжуваме да соработуваме на сите полиња“ додаде Додик.

„Русија е подготвена да продолжи со испораките, пред се гасот. Ќе имаме и некои нови рамки на соработка, кои ќе бидат познати во наредниот период. Путин е посветен на зачувување на стабилноста и мирот, и овде и во регионот. Русија многу цени што не дозволуваме воведување санкции против Русија. Рековме дека не сакаме наше членство во НАТО и тоа не е работа на Путин, тоа е наша работа. Затоа што не ги гледаме придобивките што би можеле да ги добиеме од тоа. Го охрабривме и Путин нивните компании да продолжат да работат и да инвестираат. Многумина сакаат да го сокријат фактот дека Русија е најголемиот инвеститор во БиХ во последната година“ порача тој.

Додик истакна дека е почестен со орденот Александар Невски кој му го врачил токму Путин.

Поврзани новости