Лидерот на босанските Срби и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, додели награди на заслужни институции и поединци во Културниот центар Бански Двор во Бања Лука. Одликувањата беа доделени во рамки на одбележувањето на Денот на Република Српска.
На листата на почестени се најде и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го доби највисокото одликување – Орден на РС на ѓердан.
Со оглед на тоа што Орбан, без разлика на поканата на Додик, не се појави на прославата на Денот на Република Српска, орденот ќе му биде врачен во февруари, во Бања Лука.
„Премиерот на Унгарија прифати да ја добие највисоката награда на Република Српска, тоа е гордост за Републиката и благодарение на човекот кој е подготвен да нѐ признае како вистински политички факт“, изјави Додик.
Додик потсети дека оваа награда минатиот пат му беше доделена на рускиот претседател Владимир Путин.