Претседателот на Република Српска, Милорад Додик го напушти кошаркарскиот натпревар меѓу Партизан и Турк Телеком откако група навивачи непримерно скандираа кон српскиот претседател Александар Вучиќ, објавија медиумите во Бања Лука.
Додик на социјалната мрежа Х напиша дека во саботата вечерта во Бања Лука бил организиран феноменален кошаркарски спектакл на задоволство на сите љубители на кошарката, како и дека преносот од Бања Лука отишол во Русија, Турција, Израел и земјите од регионот.
Тој додаде дека кошаркарскиот спектакл го нарушила група навивачи кои недолично скандирале кон Александар Вучиќ.
Знам колку Александар Вучиќ му помогна на Партизан досега, но по ваквото однесување на навивачите не сум сигурен дека треба да продолжи да му помага на тој клуб“, напиша Додик и додаде дека се знае колку ја сака кошарката, но дека ја напуштил играта поради непримерно скандирање на навивачите .