Додиќ: БиХ е пропаднат проект, најдобро да се разделиме!

by Фокус

Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека БиХ е пропаднат проект и дека најдобро решение за таа држава би било ако Бошњаците, Србите и Хрватите се разделат на цивилизиран начин.

-БиХ нема да може да опстане од истата причина поради која не опстана Југославија. Хрватите и Србите се многу незадоволни, а муслиманите сакаат унитарна држава во која би биле доминантен народ. Нашата политика не е сецесионистичка, но проценуваме дека БиХ нема да успее како држава. Во тој случај, најдобро е да се разделиме цивилизирано – рече Додик во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Сепак, тој нагласува дека Србите нема да почнат војна за отцепување, туку, како што рече, се посветени на еден политички процес.

Поврзани новости