Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека одлуката за прекин на соработката со персоналот на британската и американската амбасада е донесена затоа што 20 години и наметнувале проблеми на Република Српска, а сега допирале имот, нешто што не треба да се дозволи.
Додик појасни дека станува збор за персоналот на американската амбасада во БиХ и нивните специјални пратеници, бидејќи, како што наведе, тие се составени од зло.
„Се што правиме и што претрпевме е заради мирот, безбедноста на нашиот народ, но понекогаш мерките се претеруваат како сега“, објасни Додик.
„Сакам Република Српска да биде силна и после мене и да не дозволува никакви посредници да управуваат со неа, туку суверено да управува со нејзините национални и други ресурси“, изјави тој.
Кога станува збор за законот за невладини организации, за кој очекува дека ќе има проблеми, Додик посочи дека се бара само регистрација на оние кои добиваат странски пари да работат на територијата на Република Српска и додаде дека тој е не е подготвен да ја трпи ароганцијата на Американците.
„Америка е силна земја, даде значаен придонес во развојот на цивилизацијата, но таа е светски шампион во потценување, во правење зло и правење грешки на другите“, рече Додик.
Исто така рече дека во наредните месеци Република Српска ќе донесе закон со кој ќе им забрани на членовите на ЛГБТ организациите да влегуваат во образовните институции.
– Значи, градинките, училиштата, факултетите нема да можат да работат, нема да можат да пристапат, нема да можат да спроведуваат пропаганда – смета тој.