Доделена наградата за најлош стајлинг на Евровизија, Тамара на петто место!

by fokus
Популарната награда „Барбара Декс” која секоја година се доделува на најлошо облечените претставници на Евровизија, годинава заврши во рацете на португалецот Конан.
Ова е втор пат како Португалија ја добива наградата за најлош стајлинг, откако во 2006 година и беше доделена и на групата Нонстоп. Според добиените гласови, веднаш по Португалија, како најлошо облечени се наоѓаат претставниците на Кипар, Белорусија е на трето место, Белгија на четврто, а пак нашата претставничка Тамара Тодевска на петто.
Впечатливиот зелен сатенски фустан за неа го изработи креаторот Александар Ношпал. Сатенот дишес бил купен од Германија и бил долг 12 метри. Покрај зелениот сатен, во изработката бил употребен и црн тул.
Сепак и покрај многуте коментари на социјалните мрежи, дека Тодевска изгледа едноставно, а сепак гламурозно, таа се најде на листата на топ пет најлошо „дотерани“ настапувачи. Лани пак, Марија од групата „Ај кју” ни го донесе високото прво место за најлошо облечена претставничка.
Се појави во сако – фустан во розова боја, дело на креаторот Алек Билбиловски, и по втор пат на Македонија и го донесе признанието за најлош стајлинг. Прв пат истата награда ја доби Мартин Вучиќ, кој исто така настапуваше во розово сако.
Вики Клинчарова

Поврзани новости