Додека уставен суд не одлучи, Општина Центар не смее да дава дозволи за градба на Водно

by Fokus

Општина Центар од денеска не смее да издава одобренија за градба на Водно и во Капиштец. Уставниот суд донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на дозволи за градење врз основа на Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт Ј07, донесен од Советот на Општина Центар во 2014. Станува збор за планот со кој се опфатени плацевите на Водно на семејствата Камчеви и на избеганиот експремиер Никола Груевски за кои се води судски процес.

Оваа времена мерка ќе важи сѐ до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд веќе одлучи да поведе постапка односно изрази сомнеж за уставноста на постапката за донесување на планот Ј07’, соопшти портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Уставниот суд минатиот месец ја прифати иницијативата за разгледување на законитоста на Деталниот урбанистички план за дел од Општина Центар Градска четврт Ј07.

Иницијативата до судот е поднесена од граѓанин на Центар во февруари минатата година,

Извор СДК.мк

 

Поврзани новости