Околу 17 часот ракети „Искандер“ биле лансирани од Белорусија кон Украина, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко.
Лансирањето било по соопштението на канцеларијата на претседателот на Украина, Зеленски, денеска, во кое се вели дека ја прифаќаат понудата на руските претставници и се согласуваат да се сретнат на границата помеѓу Белорусија и Украина.
Антон Херашченко објави видео од лансираните ракети на Фејсбук.
-“Искандерите” се лансирани кон Украина од околината на Мозир – напиша тој и додаде дека тоа значи оти некаде однеле смрт.
-Значи имаме вакво примирје, праша Херашченко.
Во украинското соопштение претходно се вели дека белорускиот претседател Александар Лукашенко „ја презел одговорноста да обезбеди сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруска територија да останат таму каде што се додека траат преговорите и враќањето на украинската делегација.
Ако најавата на Херашченко е точна, тоа значи дека договорот на Белорусија дека Русите нема да користат воена сила против Украина до крајот на преговорите веќе е прекршен.