571
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за телевизија Прва рече дека повеќе од десетици илјади луѓе годишно летуваат во Хрватска, но додаде дека негов личен став е дека „додека живее“ нема да оди таму на море.
-Оние (граѓаните) кои веќе летуваат таму го искажаа својот став за се, мојот став е дека не би летувал таму и тоа е во ред, секој има свое мислење и тоа е суштината на едно демократско општество – изјави Вучиќ.
Тој додаде дека не сакал да оди на море, туку во Јасеновац, за да покаже почит кон жртвите и дека побарал повторно да го посети местото на страдањето. Вучиќ оцени дека во Хрватска е почната ревизија на историјата.