Повеќе од 24.000 луѓе загинаа во земјотресот, а над 80.000 беа повредени, а по многумина се уште се трага.
И додека некои згради се урнаа како палачинки, една зграда остана целосно недопрена.
-Во Кахраманмарас сè уште стои една зграда… Претставничката зграда на Комората на градежни инженери, објавено е на твитер.
Нови и стари згради, некои изградени пред само шест месеци, се распаднаа, а други се сплескаа како бетонски палачинки.
Паралелно, расте гневот зошто во земја со повеќе раседни линии и историја на големи земјотреси, квалитетот на градбата е толку слаб што зградите се уриваат како хартија.
Експертите велат дека Турција има прописи за да спречи таква катастрофа. Но, тие мизерно ги спроведуваат градежните компании, од кои најголемите често се блиски до претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Официјални лица велат дека 12.141 зграда биле или уништени или сериозно оштетени во Турција.