Низа нерегуларности открија државните ревизори во работењето на АД Пошта. Поточно, ревизорите констатирале дека во услови кога Поштата работи со загуба, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори за менаџерско осигурување за седуммина членови на Управниот и на Надзорниот одбор.
Поточно, АД Пошта работела со загуба, која до крајот на 2018 година изнесувала околу 10 милиони евра, од кои само во 2018 година се направени над 2,5 милиони евра, а остатокот е од претходните години, што говорело дека финансиската состојба на друштвото е значително влошена.
Тоа, пак, според прописите, укажувало дека во такви услови не требало да се склучуваат договори за осигурување на менаџерите, односно дека трошоците за менаџерското осигурување не биле целисходни.
„Но и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори и полиси за осигурување за периодот од април 2018 до април 2019 година. Од страна на осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура од 2,76 милиони денари (речиси 45 илјади евра), која е платена од сметката на Пошта“, се вели во извештајот.
Според извештајот, со менаџерското осигурување биле опфатени 7 директори во АД Пошта, кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор.
Ревизорите одговорноста за овој ревизорки извештај ја лоцираат кај Фадис Реџепи генерален директор и претседател на УО од 1.09 2014 до 31.08. 2018 и кај Ејуп Рустеми кој е генерален директор и претседател на УО од 1.09.2018 година