72
Пропаднаа и денешните обиди да се избере претседател на Уставниот суд, па остана неизвесно како ќе функционира Судот, бидејќи не е предвидена позиција в.д. претседател, а мандатот на Кацарска и истече вчера. Сепак, од судот соопштија дека судиите решиле во меѓувреме да одлучуваат колективно.
„Со оглед дека се уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно“, велат од Уставен суд.
Инаку, од Уставниот суд соопштија и дека, до изборот на нов претседател, тие работат непречено по добиените предмети.