Додека малиот Коста пукал на стрелиште, таткото го бодрел: Тој е мојот мал Легија!

by Fokus

Коста Кецмановиќ, момчето-убиец, кој на 3 мај минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар кога уби девет ученици и училишен чувар, утре во судница ќе сведочи во постапката против неговиот родители Владимир и Миљана Кецмановиќ. Тој првпат ќе ја напушти болницата каде што беше сместен веднаш по масакрот.

Сведочејќи преку видеоврска кон средината на јули минатата година, во истрагата што во тоа време се водеше пред Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, тој се согласи да одговори на сите прашања. Потоа објасни како дошол до идеја да го изврши масакрот и како го извршил.

Тринаесетгодишниот Коста тогаш призна дека масакрот го извршил со два пиштоли на татко му, кои, како што рече, лесно ги нашол во плакарот во станот и ги префрлил во својата соба два дена пред злосторството. Тој потврди и дека неговиот татко Владимир Кецмановиќ го однел на стрелиште и „се гордее со тоа како пука, неговата техника и прецизност“.

Телефонот на Владимир Кецмановиќ по апсењето е испратен на вештачење, а како што веќе напиша српска „Република“, пронајдена е снимка на која се гледа како Коста пукал. Неговиот татко го снимал за време на тренингот на стрелиштето.

– На видеото се гледа целта во која пука Коста Кецмановиќ. Додека момчето ја погодува целта, се слуша како Владимир Кечмановиќ го бодри и се радува – изјавил извор на српскиот медиум.

– Погледнете како малиот добро пука, пука како специјалец – се слуша како вели Владимир додека ја прави снимката.

– Тој е мојот мал Легија – додава Владимир.

Ова видео ги остави истражителите во шок, а се оди во прилог на тоа што Владимир Кечмановиќ активно го учел својот син да пука и дека токму тој му овозможил да се запознае со оружјето.

Постапката во која ќе сведочат Коста Кецмановиќ и осуммина против неговите родители се води и против Немања Маринковиќ, инструкторот на стрелиштето „Партизан практично стрелање“, кој го научил Коста да пука. Тој се товари за лажно сведочење.

Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиштето каде Коста научил да пука, а каде Маринковиќ работел како инструктор, склучил спогодба за признавање вина со Вишото јавно обвинителство во Белград, врз основа на што судот го прогласил за виновен за делото.

Поврзани новости