479
Десет музичари од Украина се финалистите кои ќе се натпреваруваат во шоуто Видбир, а победникот ќе ја претставува земјата на Евровизија 2023 во Ливерпул, Обединетото кралство.
Продуцентите на Видбир објавија соопштение во кое се заблагодаруваат на финалистите кои успеале да создадат песни, бидејќи работеле во исклучително тешки услови, со сирени за опасност, во засолништа и подруми, најчесто без електрична енергија.
Порачаа дека песните се со различни музички стилови, а победникот ќе се знае во декември.
Годинава на Евровизија победник беше Украина со песната ,,Стефаниа” и Калуш Оркестра, но поради војната настанот ќе се одржи во Ливерпул.
Македонија нема да учествува на 67-то издание на Евровизија, поради лошата финансиска состојба во МРТ.