Додека Димитров и Коѕијас разговараат, патриоти пред МНР протестираат „Стоп за преговорите“

by fokus

Неколку патриотски здруженија организираа протест пред Министерството за надворешни работи, против промена на името, а по повод доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Додека траат разговорите меѓу Коѕијас и неговиот македонски колега, Никола Димитров, патриотите пред Министерството протестираат со транспаренти во рацете на кои пишува „Коѕијас оди си дома“, „Стоп за холокаустот врз Македонците”, „Македонија на Македонците“, „Стоп за преговорите“.

 

Поврзани новости