Дали ќе има организиран новогодишен дочек на плоштад и кој ќе пее, се уште останува непознато за граѓаните, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска нема одржано прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите.
Само десеттина пред Нова година, оние кои сакаат традиционално да ја дочекаат новата 2023 на плоштад, не знаат дали ќе има било каква програма. Поставена е елка на плоштадот Македонија, како и куќарки, но информации околу дочекот нема.
Сепак, како што дознава ,,Фокус”, поп пејачката Елена Ристеска за време на свој настап деновиве пред публиката се пофалила дека ќе пее на плоштад, со зборовите дека ќе се видат на 31-ви декември.
Дали станува збор за настап кој ќе се одржи во тек на ден, или пак конкретно за дочекот, дали ќе биде ангажирана само Ристеска или пак станува збор за повеќе музичари, официјални податоци нема.
И додека јавноста и медиумите ја очекуваат најавената новогодишна прес-конференција на градоначалничката, ,,Фокус” ја контактираше Ристеска, со цел да добиеме повеќе информации околу нејзиниот новогодишен ангажман.
До објавата на веста, таа не одговори на нашите пораки и повици, па така скопјани, но и граѓаните од други општини кои сакаат да ја дочекаат Новата година на плоштад, се уште остануваат во неизвесност.
Вики Клинчарова