Актуелниот градоначалник на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој се бореше за втор мандат, прогласи победа во прв круг на изборите, неофицијално со над 800 гласа разлика. Негов противкандидат беше Елеонора Рашковска од ВМРО ДПМНЕ, како и музичарот Горан Алачки од Интегра и Горанчо Костевски од РМ.
Пекевски им се обрати на своите сограѓани со пораката дека Берово продолжува напред и нема враќање назад.
-Да се чувствуваме сите славенички, сите граѓани, без разлика кому му ја дале довербата, бидејќи демократијата победи, посветеноста победи – порача тој.
Маестро Горан Алачки кој беше во игра за градоначалник и ветуваше дека ќе го направи Берово позната туристичка дестинација, за ,,Фокус” вели дека нема да коментира ништо додека не се објават конечните резултати.
-Гласовите се уште се пребројуваат, јас оставам ДИК да ги соопшти конечните резултати пред било што да коментирам – изјави тој.
Вики Клинчарова