86
Добив клоца во нога кога ја објавив пресудата за Никола Груевски на плажа во Грција, објави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска која денеска соопшти дека дури и физички била нападната.
-Во периодот кога го судев предметот за поранешниот премиер Никола Груевски, кога ја објавив пресудата, после неколку дена отидов една недела на одмор во Грција, со моја другарка. Таму бев физички нападната на плажа, бев удрена со клоца во ногата, во пределот на глуждот. Имав голем оток, имаше модринка и со таква нога возев до Скопје, кажа Кацарска во Топ тема на Телма.