Нобеловецот Мухамед Јунус (84), долгогодишен политички непријател на соборената премиерка на Бангладеш Шеик Хасина, е именуван за привремен лидер на земјата. Јунус беше назначен еден ден откако Хасина побегна од земјата, а на се’ претходеа неколкунеделни протести на кои се бараше нејзина оставка, јавува Би-би-си.
Хасина го третира Јунус како јавен непријател, а тој моментално е пуштен со кауција откако беше осуден на шест месеци затвор, опишувајќи го случајот во кој беше осуден како политички мотивиран.
Студентите кои ги предводеа масовните протести кои ја соборија Хасина одбија да ја прифатат владата предводена од војската и побараа од професорот Јунус да ја води привремената администрација. Одлуката да се назначи Јунус за главен советник на привремената влада уследи по средбата меѓу претседателот Мохамед Шахабудин, воените лидери и претставниците на студентите.
„Кога студентите кои се жртвуваа толку многу ќе побараат од мене да се вмешам во ова тешко време, како можам да кажам не? рече Јунус. Тој се враќа во Дака од Париз каде му е подложена на помала медицинска процедура, изјави неговиот портпарол.
Протестите во Бангладеш започнаа на почетокот на јули, но тие прераснаа во пошироко антивладино движење. Се верува дека повеќе од 400 луѓе загинале во судирите меѓу владините сили и демонстрантите.
Неколку часа пред демонстрантите да упаднат во официјалната резиденција на поранешниот премиер во главниот град Дака, Хасина поднесе оставка и побегна во соседна Индија. Така заврши нејзиното речиси 15-годишно владеење.