442
Вчера околу 09.00 часот во депонијата „Мегленци“ во сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, тешко се повредил Р.П. (60) од селото Лопатица, извршувајќи работни задачи како како машинист на багер.
Полицијата соопшти дека примила пријава, според која повредениот се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, но во еден момент почнала да се движи наназад, па подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.
Притоа, друг вработен го извлекол Р.П. подалеку од машината, по што тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.