Доби повик од селекторот додека беше во авион, па веднаш го одложи свадбеното патување!

by Fokus

Фудбалерот на Астон Вила, Бубакар Камара го одложи своето свадбено патување откако беше повикан во француската репрезентација за претстојните натпревари во квалификациите за ЕП 2024 година.

Камара и неговата сопруга Корали Камара Поровекио биле во авионот за Париз, кога се јавил селекторот Дидие Дешамп, по што и двајцата се симнале и се вратиле во Марсеј.

Оваа информација на Инстаграм ја објави неговата сопруга, велејќи дека одморот е одложен од вистински и добри причини.

Камара минатата година се пресели од Марсеј во Астон Вила, а досега одигра три натпревари за националниот тим.

Тој беше повикан во репрезентацијата како замена за повредениот Адриен Рабиот, за натпреварите против Гибралтар и Грција во квалификациите за ЕП 2024 година.

Поврзани новости