Музичарот Ѓоко Јовиќ, кој пред околу четири месеци го доби синот Дарин, кој е четврто дете кое го имаат со сопругата Ивана, ја промовираше новата песна ,,Пустина”.
За неа е снимен и видео запис, потпишан од ,,М16 продукција” од Сиднеј, текстот на баладата е на Магдалена Ена Цветковска, а пак музиката и аранжманот се на нејзиниот брат, Лазар Цветковски.
Музичарот е по потекло од Валандово, а пред повеќе години поради школувањето, но и во борба за подобра егзистенција се преселил во Скопје.
Не криеше дека немал лесно детство, неговите родители биле земјоделци и одгледувале тутун. Раскажуваше дека е горд на родителите кои му ги всадиле вистинските животни вредности, чесноста и трудољубивоста, а големо семејство секогаш било неговата најголема желба.
За новата балада, која е во поп стил, доби многу честитки, а помеѓу првите му честиташе сопругата Ивана, со зборовите дека и да не и бил сопруг, ќе и бил омилен пејач.
Вики Клинчарова