„Доаѓаат млади играчи кои допрва ќе „гризат“ и ќе го заменат Пандев“

by Fokus

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев во неделата против Холандија го одигра својот последен меч за нашата репрезентација.

Отсуството негово многу ќе недостасува, но постои надеж дека некој од младите фудбалери може да ја „носи“ оваа селекција, како што го правеше тоа популарниот Гоче.

„Многу ќе недостасува Пандев. Тоа е факт. Тој беше лидер, играчите му веруваа и затоа стигнаа до ова големо натпреварување. Како ќе го надоместиме неговото отсуство? Па, сега имаме многу млади играчи кои имаат перспективна иднина. Се надевам дека некој од нив ќе го замени Пандев“, ни изјави некогашниот репрезентативец, Горан Мазнов.

Фото – ФФМ

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости