До крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Ова ќе услови постепено условите за магла во котлините да се намалуваат. Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и тоа особено во западните предели, услови за провејување на снег ќе има само на високите планини (над 1900 – 2000 м.н.в). Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 8 до 15 степени.
Поинтензивен бран на врнежи ќе имаме за време на викендот, сето ова ќе биде поради влијанието на циклонот ЛУКА кој ќе ја зафати нашата држава. Утре врнежи ќе има претежно во западните предели од државава и тоа во попладневните часови, во недела врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе се прошират насекаде низ државава.
Локално поради поинтензивните врнежи, се очекува позначително количество на воден талог. Ќе дува умерен до засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 80 км/час, истите не се исклучува можноста да создава ПРОБЛЕМИ па токму поради ова ВНИМАНИЕ. Поради јужното и југозападно струење, и понатаму температурите на воздухот ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Циклонот ЛУКА ќе се задржи и на самиот почеток од следната недела кога на планините ќе има услови за повремени врнежи од снег. Во текот на ноќта, понеделник кон вторник како и во вторник претпладне услови за провејување на снег ќе има и на некои од повисоките населени места.
Подготви: Славчо Попоски