Доаѓа нов топлотен бран

by vlatko 08:01
08:01

По неколкуте посвежи денови, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневните температури.

Во поголемиот дел од земјата дневните температури ќе се движат од околу 30 до 35 степени, а во најтоплите региони локално може да достигнат и повисоки вредности.

Во текот на викендот и почетокот на следната недела времето ќе остане претежно сончево, со слаб до умерен ветер и ниска веројатност за врнежи во најголемиот дел од земјата.

Во втората половина од следната недела повторно се очекува засилување на летните горештини, со температури што во одделни делови од земјата би можеле да се доближат до 38 степени.

Метеоролозите препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да внимаваат на здравствената состојба, особено повозрасните лица, хронично болните и малите деца.

Слични вести